Во Франкфурт ќе бидат евакуирани 70.000 луѓе поради деактивирање на бомба
Бомба тешка 1,8 тони е причина за евакуирање на население во делови од Франкфурт, која ќе биде деактивирана в недела, јави германската агенција ДПА.
Во операцијата ќе бидат евакуирани околу 70.000 луѓе, кои што живеат во близина на неексплодираната бомба од Втората светска војна.
Според планот за евакуација, со кој раководи централниот полициски штаб од Франкфурт, времено ќе бидат иселени сите жители кои се наоѓаат во радиус од 1,5 километри од локацијата на бомбата.
Според весникот „Билд“, бомбата содржи околу 1,4 тони експлизив и доколку експлодира неконтролирано може да предизвика огромни човечки и материјални штети во густо населениот дел од Франкфурт.
За време на Втората светска војна врз Франкфурт се фрлени над два милиона бомби од кои што околу 20 отсто или 400 илјади не експлодирале.
Во Германија на секои неколку месеци се пронаоѓаат и деактивираат бомби од Втората светска војна, кои најчесто се безопасни, а експертите за експлозиви ги деактивираат за неколку часа.
Досега најголемата евакуација од ваков вид се случи лани во декември кога во градот Аугсбург беа евакуирани над 54 илјади жители кои во своите домови се вратија по десетина часа.
Ново на Сител
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола