Свет
30. September 2016 - 22:39

Во француските возови од утре ќе бидат ангажирани вооружени цивилни службеници

Вооружени цивилни службеници од утре ќе бидат ангажирани во возовите и метрото во Франција, што е дел од мерките за зајакнување на безбедноста во јавниот сообраќај по заканите за напади.

Службениците треба да имаат претходна специјална подготовка и најмалку пет годишно искуство во одделите за безбедност на Француските државни железници и државната компанија, која управува со средствата за јавен транспорт во Париз и Ил де Франс.

Во март оваа година Парламентот усвои измена на законот за безбедност на транспортните средства, со што се овозможува од утре, 1 октомври, во возовите и метрото да има цивилни вооружени службеници.

Од јануари минатата година Франција стана мета на големи терористички напади, во кои загинаа вкупно 238 лица.