Свет
20. April 2017 - 14:20

Во Франција почна судењето на 20 осомничени терористи

Во Франција денеска почна судењето на 20 членови на терористичка група во Франција обвинети за бомбашкиот напад врз еврејска продавница во 2012 година.

„Келијата Кан-Торси“, наречена по градовите во кои членовите беа стационирани, осомничена е дека испланирала и неколку други напади.

Судењето почна во атмосфера на страв од нови терористички напади на екстремистите. Поплицијата во вторникот уапси две лица под сомнение дека планирале напад неколку дена пред претседателските избори, кои првпат ќе бидат одржани во вонредна состојба.