Во февруари пораст на трошоците на живот за овошје, зеленчук, ИКТ опрема
Трошоците на живот во февруари во однос на јануари годинава се зголемени за 0,1 отсто, а цените на мало се намалени за 0,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Споредено со февруари лани трошоците на живот се повисоки за 0,7 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти.
Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2,6 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2,1 процент, маслото и маснотиите за 1,6 проценти, месото, млекото, пивото за 0,8 проценти, рибата и морските плодови за 0,7 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 проценти, безалкохолните пијалаци, жестоките пијалаци за 0,5 проценти, јогуртот, сирењето и урдата, јајцата за 0,3 проценти и виното за 0,2 проценти.
Минатиот месец, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај информатичката опрема за обработка на податоци за 3,2 проценти, моторните возила за 3,1 проценти, снабдувањето со вода за 1,9 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за 1,7 проценти, собирањето на отпадните води за 1,4 проценти, гасот за домаќинствата за 1,3 проценти, патниот патнички транспорт за 0,9 проценти, угостителските услуги за 0,6 проценти, домашните миленици и сродните производи за 0,5 проценти, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0,3 проценти.
Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај замрзнатото овошје за 0,4 проценти, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти, другите пекарски производи за 0,2 проценти.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 11,3 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10,7 проценти, течните горива за домаќинствата за 7,7 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3,1 процент, услугите за сместување за 2,6 проценти, телефонската и телефакс-опремата за 1.4 пшроценти, обувките за процент, игрите, играчките и хобијата, туристичките пакетаранжмани за 0,9 проценти, цврстите горива за 0,8 проценти
Ново на Сител
-
Трамп на митинг дојде во камион за ѓубре: Ова е во чест на Камала и Бајден
-
Завршува есенската потрошувачка кошница, Владата ќе реагира ако повторно се зголемат цените
-
Двајца новинари убиени во Мексико за помалку од 24 часа
-
Анкета: Камала Харис со мала предност во Висконсин и Мичиген, изедначена со Трамп во Пенсилванија
-
Поддржувач на Трамп им се заканувал со мачета на две жени, приврзаници на Камала Харис
-
Во Скопје се оджува конференција „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан“
-
ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Скопје најавува посветеност на европскиот пат
-
Во Собранието пратенички прашања - први на новиот парламентарен состав