Во Европа се зголемува незадоволството поради рестриктивните мерки

Во многу европски земји, со месеци е во сила строг „локдаун“, што заедно со бавната кампања за вакцинација, но и појавата на нови варијанти на вирусот, резултира со фрустрација, гнев и бегство во светот на забавите.
„Корона-немирите“ најсилно ја погодија Холандија, оценува Дојче веле. Во таа земја има големо незадоволство поради воведувањето на ноќниот полициски час, кој важи од викендот. Стотици насилни млади луѓе протестираа во неделата, а потоа и синоќа. Тие, исто така, ја нападнаа полицијата на улиците во Амстердам, Ротердам и Хаг.
– Не сме виделе толку насилство во последните 40 години, рече Коен Симерс, претставник на холандскиот полициски синдикат НПБ.
Премиерот Марк Руте на Твитер оцени дека овие настани немаат никаква врска со протести или борба за слобода, туку дека станува збор за „криминално насилство“, пренесува Дојче веле.
И британската полиција имаше многу работа за време на викендот. Со кучиња и хеликоптер, лондонската полиција прекина една нелегална забава со 300 гости за време на викендот. На местото на настанот, 78 лица мораа да платат казна од 200 фунти за кршење на прописите во врска со коронавирусот. Многумина избегнаа казна, прекачувајќи се преку ограда. Една недела порано, полицијата прекина забава со 200 гости.
И во Германија, во одредени случаи надвладеа желбата за забава наспроти прописите за заштита на здравјето. Во неколку сојузни провинции, полицијата прекина помали „корона-забави“ и поднесе обвиненија.
Во Данска се уапсени три лица кои запалија кукла на која беше залепена слика на премиерката Мете Фредериксен за време на протестите, одржани викендов, против ограничувачките мерки. Под куклата стоеше натпис „Таа мора да биде убиена“. Инцидентот предизвика големо незадоволство во Данска.
Во Полска угостителите и туристичките работници протестираат против продолжувањето на рестриктивните мерки. Претставници на повеќе од сто хотели, ресторани, барови, како и бројни претприемачи од забавната индустрија, минатата недела заедно излегоа на Твитер, најавувајќи дека повторно ќе започнат со работа. Тие сметаат дека се во право врз основа на пресудата на управниот суд во полскиот град Ополе, која утврди дека е воведен делумен „локдаун“ без механизмот предвиден во полскиот Устав.
Сопствениците на десетици ресторани и кафулиња во Чешка се побунија против владините мерки против пандемијата, кои треба да останат во сила најмалку до средината на февруари. Тие ги отворија своите врати за гостите во неделата, иако им е дозволено да доставуваат само храна за носење. Полицијата поведе неколку прекршочни постапки, а предвидени се и казни до 800 евра.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари



