Свет
20. December 2017 - 8:25

Во ЕУ во сила влегуваат нови антидампинг правила

 Во Европската унија денеска стапуваат во сила новите антидампинг мерки, кои имаат за цел да ги заштитат производителите во ЕУ од евтиниот увоз од земји како Кина.

Кина е најголемиот снабдувач со стоки во ЕУ, но Унијата смета дека некои од увезените производи од азиската земја незаконски им конкурираат на европските цени.

За да се справи со овој проблем, Брисел воведе антидампиншки давачки за разни кинески производи, вклучително и во секторот за челик.

Пред една година истече рокот на важност на правилата на Светската трговска организација поврзани со Кина и на земјите членки на ЕУ им е наложено да смислат нов метод за пресметување на „фер“ увозните цени.

Отсега натаму, ако Европската комисија утврди „значително нарушување на пазарот“ меѓу цената по која се продава увозен производ и неговата цена за производство, може да одреди каква увозна цена би била праведна, со тоа што ќе ја спореди со други земји со слично ниво на развој како и државата извозник.

Ова ќе биде основа за утврдување дали со производот се прави дампинг на европскиот пазар. Новите европски правила имаат за цел да не дозволат на ниту една држава вештачки, преку интервенција на владата, да ги намалува цените на стоките кои ги извезува во ЕУ