Во џамија во Лондон избоден мујазинот, напаѓачот уапсен

Во главната џамија во Ригентс парк во Лондон, денеска околу 15 часот по локално време, е изведен напад во кој маж со нож го избодел човекот кој ја водел попладневната молитва – мујазинот, објавија британските медиуми.
Повредениот човек бил префрлен во болница, а британските медиуми јавуваат дека е тешко ранет и дека се наоѓа во животно загрозувачка состојба.
Скај њуз потврди дека во нападот бил повреден мујазинот на џамијата.
Полицијата соопшти дека на местото на нападот е уапсено едно машко лице, заради сомнение дека се обидел да изврши убиство.
На фотографии на интренет се гледа како полицијаците апсат белец пред џамијата во Регентс парк, една од најпознатите во Лондон.
„Екстремно загриужувачки е да се види како еден бел маж влегува во џамијата за време на молитвата и со нож го боде мујазинот во вратот“, напиша на Твитер Мигдад Верси , портпоролот на Муслиманскиот совет на Велика Британија.
Ново на Сител
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
