Свет
10. November 2017 - 10:36

Во две операции во Турција приведени 93 осомничени членови на ИД

 Турската полиција денеска приведе 82 осомничени членови на Исламска Држава во операција во Истанбул, јави Турската телевизија НТВ.

Приведените се странски државјани кои чувствувале воени акции на страна на ИД или планирале наскоро да заминат во Сирија.

Турската полиција денеска презеде антитерористичка акција и во јужниот град Адана. Во операцијата се приведени 11 осомничени припадници на ИД.