Во два одвоени случаи во Грција спасени над 130 бегалци и мигранти
Во два одвоени случаи, еден во близина на островот Лерос, другиот во близина на Пелопонез, грчката крајбрежна служба, во текот на вчерашниот ден спасила вкупно 134 лица, а веројатно шест се исчезнати, јави дописничката на МИА од Атина.
Во морскиот дел североисточно од островот Лерос, што се наоѓа во близина на турското крајбрежје, како што соопштија од Крајбрежната служба на Грција, бил откриен гумен чамец, а патниците успеале да го напуштат и да стигнат на брегот, каде што биле идентификувани 49 лица, сите во добра здравствена состојба и ќе бидат пренесени во центарот за прием и регистрација на островот.
Според изјавите на спасените, во чамецот имало 55 лица кои тргнале од Турција, а веднаш започнала спасувачка акција за пронаоѓање на исчезнатите шест лица.
Во вториот случај, во морскиот дел на околу 65 наутички милји од градот Пилос на Пелопонез, грчката крајбрежна служба била информирана за дрвен чамец што се нашол во тешка позиција.
Со помош на товарен брод и еден танкер кои пловеле во близина, биле спасени 85 лица, меѓу кои и мали деца и бебиња и подоцна пренесени во Каламата.
Товарниот брод под португалско знаме спасил 82 лица, а останатите тројца биле пренесени на танкер што пловел под либериско знаме.
Крајбрежната служба ја продолжила акцијата за евентуално пронаоѓање на исчезнати лица.
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила