Во ДУТ одржана трибина за борба против ракот на дојка

Подигање на јавната свест за потребата од навреемена и редовна контрола со цел спречување на ракот на дојката, беше целта на денешната јавна трибина што во организација на клубот Феминист од Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово се одржа во амфитеатарот на факултетот за уметности при државниот универзитет во Тетово. На трибината присуствуваше и градоначалничката на општината Теута Арифи.
– Секоја жена на 40 годишна вораст редовно треба да врши вакви прегледи со цел да се спречи најлошото и полесно да се излечи ракот доколку се открие порано.во тетовската клиничка болница има мамограф што е на располагање за контрол. Ние како општина учествуваме со покривање на трошоците за превоз на сите жени од рурални средини што сакаат да дојдат на преглед, рече Арифи.
Во однос на резултатите од ваквите активности, градоначалничката Арифи посочи дека поради кампањите за борба против ракот на дојка во октомври има зголемено ниво на прегледи во здравствените институции, но оти таквата пракса треба да трае во текот на целата година.
Студентите од УЈИЕ кои истовремено се членови на клубот Феминист информираа дека активности за делење на флаери за подигање на свесноста за борба и спречувае на ракот на дојка изминатава недела освен во Тетово спровеле и во Гостивар и Скопје, а утре тоа ќе го направат и во нивниот универзитетски кампус.
Ново на Сител
-

Мицкоски го потврди задоволството од Тиват
-

Нови планови за нов клинички
-

Папата Лав XIV: Светот е во длабока криза
-

МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
