Во Драч запленети 22.500 тони шверцувана нафта од Русија
Во најголемото албанско пристаниште, Драч запленет е танкер кој превезувал 22.500 тони шверцувана нафта. Танкерот пловел под либиско знаме, но според првичните сознанија од истрагата тој е по потекло од Русија.
Полиција објави дека нејзините структури со цел сузбивање на шверцот со нафта, која пристигнува главно од Либија, но и други земји, обезбедила информации дека танкер кој пловел под либиско знаме транспортирал многу голема количина нафта.
-Врз основа на овие информации, во полициската акција „Ембарго“, на пет милји оддалеченост од морскиот брег, кај Драч, блокиран е танкерот „Grace Felix“ со либиско знаме, кој превезувал 22.500 тони нафта, со фалсификувана документација, која требало да биде прошверцувана во Албанија. Исто така, од првите истражни дејствија наведуваат дека овој товар на нафта е земен од земји со ембарго за нафта, поточно од Русија, стои во полициското соопштение.
Бродот тргнал од Азербејџан, а потоа бил натоварен со нафта во пристаништето Каламата, Грција, од друг брод.
-По преземените дејствија, по основани сомнежи дека оваа количина нафта потекнува од земјите под ембарго и е шверцувана, бидејќи немало соодветна документација, истата е запленета а 22-члениот екипаж е приведен.
Истражната група, под раководство на Обвинителството, продолжува со длабинските увиди, со цел што поцелосно документирање на оваа незаконска активност и идентификација на физички или правни лица инволвирани во оваа нелегална активност, наведува полицијата.
Ова е најголема количина на шверцувана нафта запленета во Драч, по онаа во средината на септември кога беа запленети 2.275 тони нафта шверцувана од Либија.
Ново на Сител
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток