Во Драч средба на шефовите на дипломатиите од Западен Балкан
Во албанскиот пристанишен град Драч на 30 и 31 март ќе се одржи средба на шефовите на дипломатите на земјите од Западен Балкан.
Според албанското Министерство за надворешни работи на министерскиот самит ќе учествува и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
- Во продолжение на Самитот на Западен Балкан одржан во Виена, на 27 август 2015 година, а во функција на подготовка на Самитот што ќе се одржи во Париз во јули годинава,Министерството за надворешни работи, во Драч организира средба на министрите за надврешни работи на земјите од Западен Балкан. На средбата ќе присуствува комесарот на ЕУ за европска и соседска политика и проширување,Јоханес Хан, генералниот секретар на Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа,Горан Свилановиќ,чешкиот министер за надвроешни работи,Љубомир Заоралек во својство на претседавач на Вишеградската група,како и заменик секретарот за надворешни работи на Италија, Винченцо Амендола, соопшти албанското Министерство за надворешни работи.
Самитот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан ќе биде посветен на продлабочувањето на соработката во подготовка на регионални проекти ,посебно во областа на енергетиката и транспортот.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила