Во Драч ограбен македонски државјанин - украдени 6.000 франци и автомобил

Македонски државјанин, кој поседувал и швајцарски пасош, под закана со пиштол бил ограбен односно од неговата сопруга се украдени 6.000 швајцарски франци и автомобилот „аудиQ5“, во Драч, Албанија.
– На Албанец од Северна Македонија со постојано место на живеење во Швајцарија, кој во Албанија пристигнал на одмор со неговата сопруга, странска државјанка, од страна на две лица, под закана со пиштол им биле одзменеи 6.000 швајцарски франци и автомобилот „аудиQ5“, јави Топ чанел телевизија.
Според деталите кои ги соопшти полицијата, македонскиот државјанин се паркирал пред еден маркет во Драч, но автомобилот не го изгаснал. Во него била неговата сопруга, на која две лица и се приближиле и под закана и ги земале парите, со употреба на сила ја истуркале од автомобилот, по што влегле во него и се дале во бегство.
– Веднаш по дојавата за немилиот настан интервенираа полициските службеници од полицискиот комеасаријат од Драч и по неколкучаса со успех ја финализираа акцијата. Уапсени се лицата кои го ограбиле Б.Ф(33),државјанин на РС Македонија,кој поседува и пасош на Швајцарија, и неговата сопруга. Станува збор за Х.С (40) и Р.К(33) и двајцата од Драч, кои директно учествувале во настанот, како и Г.Д.од Каваја од кого побарале да им помогне да се засолнат, стои во полициското соопштение.
Се додава дека е пронајден и автомобилот, а се работи на пронаоѓање на украдените пари.
Ова е втор немил настан што го преживува македонски државјанин кој одлучил одморот да го мине на албанското крајбрежје. На 27 минатиот месец во Валона беше запален автомобил „Ауди Р8“ сопственост на лице од Кочани, кој со семејство живеел во Германија.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
