Во Домот на АРМ одбележан 7 Март, Денот на учителот
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска присуствуваше на прославата на 7 Март, Денот на учителот, што се одржа во Домот на АРМ во организација на СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и СУГС „Марија Кири Склодовска“.
МОН соопшти дека Лутфиу им го честитал празникот на наставниците и им изразил благодарност за нивниот труд и напор.
Нашиот денешен предизвик, посочил министерот, е гаранција на квалитет во образованието, како една неопходност во рамки на интеграцијата и достигнување на европските стандарди.
- Нашето инвестирање во образованието ќе продолжи на сите нивоа, бидејќи инвестирањето во образованието претставува инвестиција за нашата иднина како држава и општество, истакнал Лутфиу и ја нагласил пожртвуваноста и вложениот напор на наставниците во нивната благородна и достоинствена професија.
Ново на Сител
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен