Македонија
9. February 2022 - 16:31

Во домот му нашле кокаин, таблети, 117 куршуми и 4 патрони, кривични за охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривични пријави против Ј.Ѓ.(37), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес над пријавениот и патничко возило кое го управувал, а подоцна и при извршен претрес во неговиот дом во с.Мешеишта биле пронајдени и одземени кокаин, таблети метандростенолон, 117 куршуми со калибар 22RL и 4 патрони со калибар 16 наменети за ловечки оружја.