Во Делчево одржана работилница од проектот за подобрување на работничките права и подобра бизнис-клима
Формирање економски совет, по кој ќе се следат прекршувањата на работничките права, е главниот заклучок од одржаната работилница која со граѓаните и претставници на бизнис-секторот од Делчево, се одржа како дел од проектот „Граѓанинот е вистинскиот инспектор“.
Проектот, како што информира стручниот консултант Зоран Биковски, има за цел, идентификување на проблемите и остварување на работничките права, како и создавање подобри услови за работа
на претприемачите од Источно-планскиот регион.
-Со граѓаните и бизнис-секторот од Делчево ги идентификуваме потребите за подобра бизнис-клима. Следиме и како се остваруваат работничките права, при што дојдовме до општ заклучок, дека конкретно во Делчево има потреба да се формира економски-социјален совет, по кој ќе се следат прекршувањата на работничките права. Од друга страна проектот има за цел да ја наметне потребата за подобри услови за работа на самите претприемачи, приближување на програмите од национално на локално ниво, приближување на оперативниот план на АВРСМ за 2020 година, се со цел претприемачите да вработат што поголем број на работници и да им овозможат подобри услови и безбедност при самото работење, истакна Биковски.
Тој додаде дека вакви средби со граѓаните и бизнис секторот во наредниот период се планирани во општините Кочани, Виница и Штип.
-На крај од сите овие средби планираме да изготвиме полиси-бриф кој ќе го упатиме до сите надлежни институции, се со цел да се формира подобра бизнис-клима, во фирмите секаде да можат да се формираат синдикални организации, да имаме подобра законска регулатива, да немаме ад-хок мерки, туку мерки за кои што навремено ќе ги планира бизнис секторот и пред се ќе се почитува достоинството на секој вработен со што ќе се влијае за намалување на иселувањето од Источниот плански регион,
дополни Биковски.
„Граѓанинот е вистинскиот инспектор“ е проект кој го реализира здружението ИНИ од Виница во партнерство со „Хоуп“ од Македонска Каменица.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот

