Во Делчево доцна попладне пристигна доверливиот материјал за претстојниот референдум

Државната изборна комисија покрај во останатите 79 општини, доцна попладнево и во Делчево до општинската изборна комисија го достави доверливиот материјал за гласањето на претстојниот рефрендум.
Како што истакна портпаролката на ДИК, Љупка гугучевска во доверлив материјал спаѓаат гласачките ливчиња, изводите од избирачкиот список, дневниците за евиденција на настани записниците и останатите материјали кои се важни за спроведување на овој референдум на државно ниво.
- Со добивањето на овие материјали се е подготвено за гласањето на кое во недела во Делчево своето право на глас ќе може да го остварат вкупно 14.721 гласачи кои се запишани во изводите за избирачкиот список за општина Делчево. Од нив 13.798 во основните изводи и 923 во посебните изводи од избирачкиот список. Вторите се граѓани кои се на привремена работа или престој во странство и се пријавени во надлежен државен орган. Гласањето во Делчево ќе се одвива на вкупно 36 избиорачки места, информираше Гугучевска.
Според информациите на Владимир Петровски, претседател на општинската избирачка комисија во Делчево 99 пријавени гласачи сакале да го остварат своето избирачко право како болни лица. Од нив 85 пријави се прифатени со што овие граѓани ќе можат да го остварат своето гласачко право в сабота.
Ново на Сител
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
