Во Делчево до 10 часот гласале 12,8 отсто од граѓаните
Во општина Делчево до 10 часот гласале 1.933 гласачи или 12,8 отсто од запишаните 15.020 гласачи кои имаат право да гласаат на овие локални избори.
Како што истакна претседателот на ОИК Делчево Владимир Петрески, сите 36 избирачки места навреме се отворени, во 7 часот и гласањето се одвива без проблеми.
Во Македонска Каменица до 10 часот гласале 15,4 отсто или 1.044 гласачи од запишаните 6.761 со право на глас.
Претседателката на ОИК Македонска Каменица Сања Митревска истакна дека сите 17 избирачки места во Македонска Каменица се навреме отворени и гласањето се одвива без проблеми.
Во општина Берово до 10 часот гласале 13,9 отсто од запишаните 11.169 гласачи.
Претседателот на ОИК Берово Мишо Догазански потенцираше дека сите 16 избирачки места во Берово се отворени навреме и гласањето се одвива без проблеми.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел