Во дел од Јапонија прогласена вонредна состојба поради Ковид-19
Гувернерот на централната јапонска префектура Аичи денеска објави вонредна состојба во тој регион, како резултат на зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот.
Гувернерот Хидеаки Омура денеска ги замоли компаниите и продавниците да не работат воопшто или да затвораат порано и ги повика граѓаните вечерва да останат дома.
Мерката ќе биде во сила до 24 август, време што се совпаѓа со празникот Обон, кога училиштата и многу компании се затворени. Префектурата Аичи го вклучува и градот Нагоја, каде седиште е јапонскиот производител на автомобили Тојота.
Гувернерот рече дека бројот на потврдени случаи на вирусот се зголемува во Аичи од средината на јули со стапка од 100 и повеќе на ден. Пред тоа, во таа префектура имаше подолги периоди кога не беа пријавени нови случаи на инфекција со вирусот.
Јапонската Влада повика на социјално дистанцирање и затворање на деловните активности во април, но тие мерки постепено беа укинати. Во Јапонија има речиси 42.700 потврдени случаи на заболени со новиот коронавирус и околу 1.000 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“