Бизнис
2. March 2017 - 15:48

Во Дебарското одделение на УЈП доставени 870 годишни даночни пријави

Во Дебарското даночно одделение, кое делува во рамки на Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Тетово, последните денови видно е зголемен бројот на доставени годишни даночни пријави.

- Даночното одделение во Дебар ги покрива оваа и општина Центар Жупа. До денес доставени се 870 годишни даночни пријави од лица од двете општини. Како што е познато рокот за доставување даночна пријава е 15 март, поради што апелирам до граѓаните да не го чекаат последнот ден, изјави Гоце Веселиновски, портпарол на Регионалната дирекција.

Споредувајќи ги податоците од последните две години, Веселиновски оцени дека бројот на доставени пријави, од година во година, расте. Лани во Дебарското одделение пријави доставиле 1.740, додека претходната година 1.310 обврзници.

Според портпаролот, на ниво на Регионалната дирекција, која го покрива и Даночното одделение во Гостивар, годишна даночна пријава до денес доставиле околу 9 илјади лица.