Во Дебарско запишани над 300 првачиња
Во општините Дебар, Маврово Ростуше и Центар Жупа денеска над 300 првачиња ќе го започнат своето образование.
Во трите училишта во општина Дебар, „Братство единство“ и „Саид Најдени“ во градот и „Ристе Ристевски“ во село Долно Косоврасти, запишани се над 200 првачиња.
Од вкупниот број, 88 првачиња од кои 32 за настава на македонски и 56 за албански наставен јазик се во училиштата „Братсто единство“, во „Саид Најдени“ 40 сите на албански наставен јазик, додека 70 сите на македонски наставен јазик во деветолетката во Косоврасти.
Во основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ запишани се 11 првачиња за настава на македонски наставен јазик, две за настава на албански и 18 на турски наставен јазик.
- Во дветолетката „Неџати Зеќерија“ во Коџаџик и петте подрачни училишта во прво одделение имаме 30 првачиња сите со настава на турски наставен јазик, изјави директорот Абдул Реџеп.
Спорд Илбер Имероски, раководител на Секорот за обрзование во општина Маврово Ростуше, во четирите деветолетки и нивните подрачни училишта запишани се 74 првачиња.
Од управите на училиштата наведуваат дека бројот на првачињата е речиси на исто ниво од лани.
Ново на Сител
-
Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир
-
Утрe штрaјк нa врабoтените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од село Милетино
-
Турските власти приведоа повеќе од 100 лица на Меѓународниот ден на жената
-
Вучиќ: Опозицијата мисли дека сабота е ден Д, верувам дека студентите во блокада се попаметни
-
Обвинение за обид за убиство
-
Киев: Русите се обидоа да упаднат во градот Курск преку гасовод
-
Ѓоковиќ поразен во второто коло на Индијан Велс