Во Дебарско гласаа 60 болни и немоќни лица
Во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, денеска гласаа 60 болни и немоќни лица.
- Во општина Дебар доставени беа 33 пријави, но поради некомплетни документи правото на глас денеска го остварија 20 болни и немоќни лица. Инаку распределен е изборниот материјал на сите 27 избирачки места, 15 од изборна единица 5 и 12 изборна единица 6, изјави Али Реџа, секретар на дебарската општинска изборна комисија.
Тој посочи дека утре право на глас имаат 17.461 гласачи, од нив 8.756 во ИЕ 5 и 8.705 во ИЕ 6.
Во општина Маврово Ростуше денеска гласаа 34 болни и немоќни лица, колку што и се пријавиле.
-Општина Маврово Ростуше припаѓа на изборната единица шест. Утре ќе се гласа на 39 избирачки места. Правото на глас треба да го остварат 5.967 граѓани, истакна Тамара Смилеска, претседател на изборна комисија за оваа општина.
Ерхан Зубер, претседател на ОИК за Центар Жупа изјави дека гласачкото право го оствариле шест болни и немоќни лица. Истакна дека оваа општина припаѓа на ИЕ 5, ќе се гласа на 16 избирачки места, а право на глас имаат 6.352 граѓани.
Во сите три општини без проблеми бил доставен и избирачкиот материјал.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен
-
На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
-
Експресни победи на Синер и Швјонтек на Мастерс турнирот во Синсинати
-
Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора
-
Странските криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани
-
Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа
-
Голем пожар на југот на Албанија, евакуирани села
-
Акциска контрола во Скопје: Казнети 99 возачи, приведени двајца малолетници, санкции за угостителски објекти