Во Дебар уште една жртва од Ковид-19, нема новозаразени, ниту оздравени
Во последното деноноќие во Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, нема новозаразени, ниту оздравени лица, но битката со опасниот вирус ја загуби уште едно лице.
Станува збор за поранешнот градоначалник на општина Центар Жупа и познат бизнисмен во нашата земја и во Италија, Мазлум Хасан (52) од селото Коџаџик, Горна Жупа, кој почина синоќа во болнички услови.
Досега се починати 14 пациенти од кои пет од Општина Дебар, а останатите од соседната општина, Центар Жупа. Во првата фаза од болеста имаше 51 заразен,од нив 47 оздравеа, додека четворица починаа од кои тројца од градот Дебар и еден од селото Баланци во општина Центар Жупа.
-Од последните денови на февруари, досега, направени се над 1.350 тестови, при што позитивен резултат е добиен кај 261, од нив оздравеа 219, а активни на болеста се 27 од кои 10 од општина Центар Жупа. Од нив, повеќето се со лесна форма на болеста, дел се лекуваат дома, а дел амбулантски во Општата болница во Дебар, додека четворца болнички се третираат во здравствени установи во Скопје, наведуваат од општинските кризни штабови на двете општини.
Тие апелираат на строго почитување на мерките и протоколите за заштита од ширењето на вирусот, но признаваат дека апелите кои во континутет ги упатуваат многу малку се почитуваат.
Ново на Сител
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР