Во Дебар три новозаразени и едно починато лице од Ковид-19
Три новозаразени и едно починато лице е билансот од состојбата со Ковид-19 во последното деноноќие во Дебар, со што бројот на заразени само во изминатите денови од овој месец е 24, а на починати две лица.
Од почетокот на пандемијата, на 26 февруари, кога беа дијагностицирани сопружници од селото Баланци, општина Центар Жупа, по нивното враќање од Италија, направени се над илјада тестови при што позитивен резултат е добиен кај 216 од нив, околу 90 отсто од Дебар.
Од вкупниот број 51 случај се во првата фаза од болеста, додека останатите 157 се во втората фаза, поточно од петти јуни, кога по точно педесет дена болеста се врати во ова подрачје, кога беше дијагностицира кај жена од село Долно Косоврасти.
Битката со невидливиот непријател ја добиле 83, ја згубиле осум, по четворица во двете фази, додека активни на болеста се 127. Поголемиот процент од нив се лекуваат амбулантски или во домашни услови, додека десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.
-И понатаму апелираме строго да се почитуваат препораките за заштита, како од граѓаните, така и од деловните субјекти. Ова е нашата и светска нова реалност која бара од нас да ја користиме заштитната маска, да одржуваме физичка дистанца и примена на правилата за хигиена, порачуваат од општинскиот Оперативен штаб.
Врз основа на одлуката на Штабот, дебарските комуналци и пожарникари, двапати неделно вршат дезинфекција на главната и пофреквентните улици, како и на јавните површини во градот. Редовно секоја ноќ, комуналците ги мијат пофреквентните улици во градот.
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово