Македонија
31. October 2021 - 8:56

Во Дебар се прегласува на едно избирачко место

Во Дебар денеска нема втор круг на гласање, туку се прегласува само на едно избрачко место.

Станува збор за избирачко место 0543 кое е сместено во Средното општинско училиште „28 ноември“.

– Избирачкото место е отворено во 7 часот и гласањето се одвива тековно, без проблеми. Гласањето се повторува и за градоначалник и за советници. Во единствениот избирачки список запишани се 777 лица со право на глас, изјави Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.

Се гласа за тројца кандидати за градоначалник и за пет советнички листи, предложен од политички субјекти.

Во првиот круг правото на глас на ова избирачко место го остварија 484 лица.