Во Дебар дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени
Во рамки на договорените мерки од страна на Оперативниот штаб, Јавното комунално претпрјате „Стандрад“ во Дебар врши дезинфекција на јавните површини и кантите за отпад.-Се врши дезинфекција на сите јавни површини, контејнери, канти и корпи за отпад низ градот. Се изврши дезнфекција и на спортските игралишта и терени, како и на паркот во населбата Венец каде има детски реквизити. Редовно се подига и отпадот. Апелираме до граѓаните да бидат посовесни и отпадот да го фрлаат во определените места за тоа, изјави раководителот на Секторот за комунална хигиена, Омер Цами.
Цами, кој е дел и од Оператвниот штаб, додаде дека од понеделникот е почнато со генерално миење и чистење на заостанатиот отпад по улиците и тротоарите во централното градско подрачје.
-Вообичаено со годишната програма за одржување на јавната хигиена со генерално чистење почнуваме на почетокот на април, но поради создадената ситуација и фактот што временските услови дозволуваат, почнавме порано. Ќе продолжиме со чистење и на регионалниот пат кој води до граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, нагласи Цами.
Синоќа беше дезинфицирана населбата „Коњаре“ од каде што се петте лица заразени од коронавирусот, а со дезинфекција ќе се продолжи и во другите населби.
-Оваа активност се реализира благодарение на Територијалната противпожарна единица, Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување и онаа на Центарот за јавно здравје, кои ги обезбедија потребните средства и заштитната и друга опрема, истакна градочалникот Хекуран Дука.
Сопствениците на 20-на кафулиња во градот самоиницијатвно ја прекинаа работата, а останатите работат до 18:00 часот, но, како што велат, поради слабата посетеност можно е и тие да стават клуч на објектите.
Ново на Сител
-
Раст на цените на нафтата
-
Скопјанец нападнат од две лица по расправија со негова колешка во спортска обложувалница
-
Возачката му била одземена во странство, пријавил дека е изгубена - Кривична пријава за лажна изјава
-
Кривична пријава за лице од Гостивар кое ја демнело поранешната партнерка
-
СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа
-
ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори
-
Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје
-
Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот