Во Црна Гора упасени 20 лица од Србија - Хакирани повеќе интернет страници во земјата
Директорот на црногорската полиција Славно Стојановиќ денеска потврди дека синоќа биле уапсени 20 лица од Србија, додека за едно се уште се трага, поради сомнеж дека на територија на Црна Гора извршиле кривично дело создавање криминални организации и тероризам.
Како што се претпоставува, тие влегле во Црна Гора и имале намера денеска, кога во земјата се одржуваат парламентарни избори, да извршат напади врз државни институции, полицијата и претставници на власта, не исклучувајќи ја можноста и за напад врз високи државници.
Телевизијата „Пинк М“ објави дека во акцијата бил уапсен и поранешниот шеф на српската Жандармерија, Братислав Бата Дикиќ. Според неофицијални информации на телевизијата, групата, која со себе во Црна Гора пренела и големо количество оружје и експлозив, била предводена од Дикиќ.
Српскиот премиер Александар Вучиќ не сакал денеска да го коментира апсењето на Дикиќ во Црна Гора, со цел да не влијае на било каков начин на изборите во земјата, но сепак забележал дека е „чуден денот на кој тоа се случило“.
- Немам никакви податоци за тоа. Српскиот министер за внатрешни работи ме информира. Чуден ми е денот на кој тоа се случува и тоа е се што имам да кажам. За се останато е подобро да се гризнам трипати за јазик и да премолчам, истакна Вучиќ, потсетувајќи дека Дикиќ е пензиониран.
Во меѓувреме, на Црногорскиот тим за кибер безбедност (ЦИРТ) утрово му биле пријавени многубројни хакерски напади на портали во Црна Гора, соопшти црногорското Министерство за информатичко општество и телекомуникации. Мета на нападот, меѓу останатите, била и интернет страницата на владејачката Демократска партија на социјалистите. ЦИРТ бил известен и за напад на инфраструктурата на Црногорскиот телеком, но дека се успешно спречени.
Европската комисија стравува од фалсификување на резултатите од денешните парламентарни избори во Црна Гора, јави црногорската агенција ЦГНА.
Повикувајќи се на извор од Брисел, агенцијата информира дека во текот на последните неколку недели Европската комисија го проверувала избирачкиот список, што бил доставен од црногорското Министерство за внатрешни работи, споредувајќи го со демографските податоци за земјата.
При проверката комисијата утврдила дека на 1 август 2016 година во Црна Гора имало 622. 833 државјани, од кои 465. 974 биле на возраст над 18 години, додека во избирачкиот список фигурирале 529 933 граѓани со право на глас.
Уште почудни резултати покажала проверката на лицата што се наоѓале на избирачкиот список. Од вкупно 465. 974 лица, 3 873 имале двојно државјанство, а 23.946 биле државјани на други земји. Така што во Црна Гора во моментов активно право на глас имале само 438. 191 лица.
Според политичките аналитичари, главното прашање на денешните избори е дали ќе победи прозападниот курс на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, кој приближно 25 години раководи со земјата како премиер или претседател, или проруската опозциција, која се противи на членството на земјата во НАТО.
Ново на Сител
-
Форд повлекува над 760 илјади возила поради проблеми со ДПФ
-
САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва
-
Распишани меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами
-
Малолетник од Виница во „фолксваген кеди“ превезувал 9 мигранти
-
Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
-
Истрага за обид за убиство во Мирковци
-
Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана
-
Ѓуриќ за „Катимерини“: На крајот на 2026 година Србија ќе биде подготвена за членство во ЕУ