-->
-->
Во Црна Гора свечено подигнато знамето на НАТО
-->
На повеќе места во Црна Гора утрово свечено е подигнато знамето на НАТО, кое во иднина постојано ќе стои пред црногорските институции.
Знамето на НАТО е развиорено пред Министерството за одбрана и во касарните на војската на Црна Гора во Даниловград, Никшиќ, Колашин, Бар, Пљевља и Маслина, како и во воздухопловната база Голубовци.
Црна Гора минатата недела, со предавањето на пристапните документи на свеченост во Вашингтон, стана полноправна членка на Алијансата.
Процесот за членство на Црна Гора во НАТО траеше 11 години. Официјалната покана за пристапување е упатена на 2 декември 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар