Во Црна Гора пристигнаа 30.000 кинески вакцини

Контингент од 30.000 дози на кинеската вакцина Синофарм денеска пристигна во Црна Гора, а го пречека министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ и кинескиот амбасадор во Црна Гора, Лиу Џин.
Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ рече дека е потребно сите да бидат свесни за важноста од почитување на епидемиолошките мерки, со цел успешно надминување на проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирусот.
Инаку, досега во Црна Гора пристигнаа 2.000 руски вакцини како донација од Србија, додека од Русија се набавени уште 5.000 дози.
Во првите пет приоритетни категории за вакцинација против коронавирус има 110 илјади луѓе, објавено е на веб-страницата covidodgovor.me.
Поради лошата епидемиолошка состојба, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ вчера побара затворање на границите и забрзана имунизација, исто како и експертите од Институтот за јавно здравје.
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
