Во Црна Гора почина пациент од „свински грип“
Пациент на 51-годишна возраст почина од „свински грип“ во Клиничкиот центар во Подгорица, јавија црногорските медиуми.
Нема податоци дали пациентот боледувал од хронични болести, но тој не бил вакциниран против грип, се наведува на сајтот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Ова е првиот регистриран смртен случај во оваа сезона, во која е докажано присуство на вирусот од типот Х1Н1, кој е познат како „свински грип“.
Како што пренесе БТА, минатата недела во Црна Гора е регистриран пораст на бројот на заболени.
До пред два дена во Центарот за медицинска микробиологија при Институтот за јавно здравје е потврдено заболувење од свински грип кај 16 пациенти.
Од 8 до 14 февруари се регистрирани 70 заболени, од кои поголемиот дел се на возраст меѓу 25 и 64 години.
Ново на Сител
-
Граѓаните на протест на Партизанска - се бара правда и институционална одговорност за прегазената девојка
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ