-->
-->
Во Црна Гора над 8.000 деца не примиле ММР вакцина
-->
Повеќе од 8.000 деца на возраст меѓу три и пет години во Црна Гора не примиле вакцина против ММР (морбили, рубеола и заушки), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје во Подгорица.
Родителите на секое трето дете, на возраст од три години, се уште одбиваат да ги вакцинираат против сипаници, заушки и рубеола, бидејќи не му веруваат на тој имунолошки лек, иако здравствените работници предупредуваат дека тоа може да предизвика развој на опасни мали сипаници.
Директорот на Здравствениот дом во Подгорица Небојша Кавариќ изјави дека секое трето дете родено во 2016 година не било вакцинирано, додека кај децата постари од една и две години, покриеноста е 85 и 90,3 проценти.
– За да бидат заштитени сите деца, треба да се вакцинираат над 95 отсто од детската популација. ММР се дава по првата година од животот и пред запишувањето во основно училиште. Вакцинацијата е најдобрата и најефикасната форма на здравствената заштита, посочи Кавариќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката