Во Црна Гора 30 отсто повеќе заразени со Ковид-19
Во последните две недели бројот на заразени со коронавирусот во Црна Гора е зголемен за 30 отсто во однос на 14 дена претходно, изјави денеска директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ.
Црногорската Влада одлучи актуелните епидемиолошки мерки да останат во сила и во наредните недели, со засилени инспекции.
Доколку епидемиолошката состојба не се подобри, од 1 декември постои можност за воведување дигитални ковид-потврди за целата јавна администрација – здравство, образование, полиција, армија, за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории.
– Новогодишните прослави нема да можат да се организираат ниту во внатрешноста на угостителските објекти ниту на отворено, без поседување на Национален дигитален ковид-потврда, по примерот на фестивалите летоска, додаде директорот на ИЈЗЦГ.
Галиќ рече дека бројот на починати во последните 14 дена е за четвртина помал, а на хоспитализирани за околу девет отсто.
Тој рече дека околу 55 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани против Ковид-19.
Осум од десет смртни случаи биле невакцинирани, а повеќе од 80 отсто од хоспитализираните биле исто така невакцинирани. Сите починати помлади од 40 години не биле вакцинирани, рече Галиќ.
Ново на Сител
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“