Во Црна Гора 20 дена по ред нема нови случаи на корона вирус

Нема потврдени нови случаи на зараза во Црна Гора веќе 20 дена по ред. "Од вчерашниот пресек на состојбата, анализирани се 140 примероци, меѓу кои нема нови случаи на инфекција. Исто така, во моментот нема активни случаи на инфекција со новиот коронавирус во Црна Гора", велат од Црногорскиот институт, по вториот негативен наод на последниот пациент.
Црногорските здравствени власти порано соопштија дека крајот на епидемијата ќе биде прогласен кога 28 дена последователно ќе нема заразени.
"Во пракса и меѓу професијата, вообичаено е епидемијата на една заразна болест да се регистрира кога во двата просечни периоди на инкубација нема ново регистрирани случаи на заболување на една територија. Во овој случај, тоа значи дека во текот на 28 дена никој не се заразил со вирусот во Црна Гора “, соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје.
Објаснија дека за една територија обично се вели дека е „ослободена“ од одредени заразни болести кога не постои регистрирана нова болест за одреден временски период. Терминот ,,корона- фри " е повеќе колоквијален, отколку технички термин за да се означи дека нема заболување на одредена територија. ", се вели од Институтот.
Црна Гора е последната европска земја каде што се дијагностицира коронавирус на 17-ти март. Оттогаш, 324 луѓе се разболеле, 315 се опоравиле, а девет пациенти починале.
За 70 дена карантин, 1768 жители на Црна Гора биле гонети за кршење на мерките за заштита од инфекција, кои морале да платат вкупно 106 илјади евра во добротворни цели.
Ново на Сител
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
-

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда
-

Во Србија приведен Македонец поради недозволен промет на акцизни стоки
