Свет
25. January 2016 - 14:56

Во четири напади загинале околу 25 луѓе во Камерун

Околу 25 луѓе загинаа, а неколкумина се повредени во четири истовремени самоубиствени напади во северниот дел на Камерун, соопштија локалните власти, пренесува БТА.

Напад бил извршен во Бодо во близина на границата со Нигерија. Двајца бомбаши-самоубици го активирале експлозивот што го имале на себа на пазар. Уште двајца бомбаши-самоубици извршиле напад на двата краја од градот Бодо.

Се претпоставува дека нападите ги извела исламистичката група Боко Харам, која е активна во пограничниот регион.

Тоа е најсмртоносен напад во северен Камерун во последно време.

Камерунската армија учествува во борбата против Боко харам.