Во Чешка се организираат културни настани во чест на Вацлав Хавел
Во повеќе чешки градови денеска се одржуваат културни настани во чест на денот кога е роден поранешниот претседател и дисидент, борец за човековите права Вацлав Хавел, јави дописникот на МИА од Прага.
По повод недоживеаниот 80. роденден на Хавел, кој почина на 18 декември 2011 година се организираат изложби, рецитали, претстави и се палат свеќи на неговиот гроб во Винохради во главниот град на Чешка.
Во Прашкиот замок каде што е Претседателската резиденција почит на поранешниот шеф на државата му одадоа војниците на Претседателската гарда, а истакнати политичари оставаат пораки и евоцираат спомени на социјалните мрежи.
- Не се работи само за сеќавања, туку и да се најде храброст да се зачуваат идеалите кои Вацлав Хавел ги претставуваше, напиша на Твитер премиерот на чешката Влада Бохуслав Соботка.
Вечерта е во знакот на повеќе концерти, претстави и на јавни места ќе бидат пуштани снимки од неговите говори со познатите ставови кои го претставуваат Хавел како личност која недостасува во општеството, истакнуваат организаторите.
Ново на Сител
-
18 годишник со македонско потекло планирал терористички напади во Австрија
-
Киното се враќа во Кочани, „Мистер Бин“ го наполни дворот на училиштето „Никола Карев“
-
Мицкоски за коалицирањето со ЗНАМ и ВРЕДИ за локалните избори: Разговорите се конструктивни, сите детали ќе се знаат во втората половина на август
-
Министерот Алиу на средба со хонорарците во Тетовската болница, ќе има административен тест по што ќе следи вработување
-
Посебен режим на сообраќај во Куманово поради велосипедска трка, изменет и јавен превоз
-
Две лица загинаа, 10 се водат како исчезнати во поплави во источна Кина
-
Во Србија ќе се формира тело од 10 членови за ревизија на избирачкиот список
-
30-годишник од Шутка ја принудувал петгодишната ќерка да питачи во Дебар