Во Чешка се организираат културни настани во чест на Вацлав Хавел
Во повеќе чешки градови денеска се одржуваат културни настани во чест на денот кога е роден поранешниот претседател и дисидент, борец за човековите права Вацлав Хавел, јави дописникот на МИА од Прага.
По повод недоживеаниот 80. роденден на Хавел, кој почина на 18 декември 2011 година се организираат изложби, рецитали, претстави и се палат свеќи на неговиот гроб во Винохради во главниот град на Чешка.
Во Прашкиот замок каде што е Претседателската резиденција почит на поранешниот шеф на државата му одадоа војниците на Претседателската гарда, а истакнати политичари оставаат пораки и евоцираат спомени на социјалните мрежи.
- Не се работи само за сеќавања, туку и да се најде храброст да се зачуваат идеалите кои Вацлав Хавел ги претставуваше, напиша на Твитер премиерот на чешката Влада Бохуслав Соботка.
Вечерта е во знакот на повеќе концерти, претстави и на јавни места ќе бидат пуштани снимки од неговите говори со познатите ставови кои го претставуваат Хавел како личност која недостасува во општеството, истакнуваат организаторите.
Ново на Сител
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани