Во Центарот за зависности од дроги во Кавадарци се лекуваат 50 лица

Од 2009 година до денес, во Центарот за превенција од дроги и други опијати во Кавадарци, помош побарале околу 150 лица од овој град но и од други места, информираше денеска Светлана Богева, општ лекар во Ценатрот.
- Во моментов помош добиваат педесет лица, претежно млади луѓе кои се на метадонска терапија. Едни доаѓаат секојдневно, а други два или три пати во седмицата, во зависност од потребата, соопшти Богева.
Таа изрази задоволство што досега дел од посетителите на Центарот успеале да се ослободат од зависноста од дроги и да формираат семејства. Нагласи дека располагаат со потребниот стручен кадар неопходен за работа на Центарот, метадонот го добиваат од Министерството за здравство, а помошта ја даваат бесплатно.
Центарот работи во состав на нервното одделение при Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
