Во центарот на Куманово се отстранува објект кој може да се урне

Почна постапката за отстранување на објект во центарот на Куманово, сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен објект. Денеска, екипите поставија ограда околу објектот за кој комисијата проценила дека може да се урне и дека претставува опасност и може да ја загрози безбедноста при движењето на граѓаните, сообраќајот и соседните објекти.
Раководителот на одделението за спроведување урбанистичка документација Александар Гелевски, појаснува дека објектот е сопственост на државата со право на користење на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
Во централното градско подрачје има над 20-тина вакви објекти, поголем процент сопственост на приватни лица. Вакви објекти појаснува Гелевски датираат од поодамнешен период, имаат конструктивен систем што не ги издржува современите стандарди за сеизмичка стабилност, направени од керпич, дрво, камен.
-Законот ги регулира начинот на кој се острануваат овие објекти, откако комисијата констатира, се известува сопственикот на земјиштето дека треба да се отстрани, доколку сопственикто не преземе активности, тогаш се спроведува постапка од страна на општината по службена должност, се прави елаборат за отстарнување, по што се отстранува на сметка на сопственикот на недвижниот имот, изјави Гелевски.
Ново на Сител
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
