Во Бугарија се одржуваат локални избори

Локалните избори во Бугарија се одвиваат без поголеми проблеми, со одредени неправилности на одделни избирачки места, каде на гласачките ливчиња не се впишани имињата на сите кандидати.
Одзивот на избирачите во земјата до 13 часот по локално време изнесувал 27,65 отсто, изјави на прес-конференција портпаролот на Централната изборна комисија Александар Андреев. Досега гласале вкупно 1.402.875 лица, јави БТА.
Според истражувањата, најголеми шанси за успех имаат кандидатите на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија - ГЕРБ.
Паралелно со одржувањето на избори за локалните органи на власт, се спроведува и национален референдум за тоа дали граѓаните го поддржуваат електронското изјаснување на изборите и на референдумите.
Право на глас на локалните избори имаат 6.363.761 граѓани впишани во избирачките списоци, меѓу кои и 523 државјани од земјите од ЕУ, кои изразија желба да гласаат. Гласањето се одвива на 12.314 избирачки места, а Бугарите бираат 3.192 претставници на власта на општини и села, како и советници во локалната власт. Најмногу кандидати за градоначалник, дури 21, се регистрирани во Софија.
Изборите ги следат голем број набљудувачи од невладини организации.
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
