Loading Video...
Свет
12. May 2021 - 12:44

Во Бугарија денеска стапува на должност привремената влада

Во Бугарија денеска стапува на должност привремената влада која до изборите закажани за 11 јули ќе ја води Стефан Јанев, близок советник за безбедност и одбрана на претседателот Радев. Ваквиот расплет доаѓа откако изборите во април резултираа со неуспех во формирањето нова влада.

По претставувањето на владиниот кабинет претседателот Радев рече дека иако е краток, мандатот на техничката Влада ќе биде исполнет со многу предизвици.

Иако е службен, кабинетот кој што го назначувам денеска има амбиции да биде демократски и единствен во носењето на одлуки. Владата вклучува луѓе од левицата, од центарот и од десницата, политички неутрални, слободни претприемачи, изразувачи на јавно незадоволство, академици, односно се она што не успеаја да обединат партиите по завршување на последните избори, истакна Радев.

Новиот премиер Стефан Јанев пак најави професионално и одговорно работење на Владата.

Јас не сум човек кој дава празни ветувања, и ќе го заложам целиот авторитет стекнат низ годините да работам според законите и во интерес на општеството.

Меѓу приоритетите најави дека ќе му биде и организирање на фер и демократски предвремени избори.