Во Бугарија 18 мигранти пронајдени мртви во камион
Осумнаесет мигранти денеска се пронајдени мртви во камион во Бугарија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.
„Според првичните информации, возилото нелегално превезувало околу четириесетина мигранти “, соопшти Министерството. Засега не е позната причината за смртта, но исклучена е можноста за сообраќајна несреќа. Според софиски медиуми еден човек е приведен, а се трага по уште две други лица.
Локалните жители ја известиле полицијата за напуштен камион кај селото Локорско, на дваесетина километри од главниот град Софија. Се трага по криумчарите кои избегале, соопшти Министерството, додавајќи дека 11 повредени од камионот се пренесени во болница.
Од минатата година, Бугарија бележи зголемен број на илегална имиграција на нејзина територија и покрај изградбата на жичена ограда долга 234 километри долж границата со Турција.
Ново на Сител
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот