-->
-->
Во Бугарија 14-дневен карантин само за граѓаните од осум земји
-->
Бугарскиот Централен оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од земјите-членки на ЕУ, како и за граѓаните од Северна Македонја и од Србија при влезот во Бугарија, јави БГНЕС.
– Предлогот е врз основа на податоците на Европскиот центар за контрола на болестите, изјави денеска доцент Ангел Кунчев.
Задолжителниот 14-дневен карантин ќе остане само за граѓаните на осум држави, кои имаат голем број инфицирани лица со Ковид-19 во последните две недели. Карантинот ќе биде задолжителен за граѓаните на Белгија, Италија, Малта, Шпанија, Португалија, Шведска, Ирска и Велика Британија.
Во Бугарија евидентирани се 2.485 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 136 починаа, а 1.016 оздравеле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: На сите им е јасно дека реформите во судството се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите
-
Мицкоски: Растот на платите покажа дека тезата на СДСМ не држи вода
-
Корупцијата и организираниот криминал имаат силно влијание врз независното функционирање на институциите и државата
-
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина