Во Буџетот на Општина Кочани за 2019 година повеќе пари за образованието
Локалната самоуправа на Кочани во 2019 година ќе располага со буџет од близу 213 милиони денари, што е на слично ниво како во годината што изминува.
Предложениот финансиски план, без ниту една дискусија или забелешка, доби едногласна поддршка на денешната седница на општинскиот Совет, при што беше споменато дека со подобра прераспределба на средствата ќе се обезбедат повеќе пари за образованието.
-Кај приходите планираме зголемување за околу 20 милони денари што ќе се добијат како помош од државата за покривање на задолженоста на училиштата, но многу поважно е што е направена поинаква структура во распределбата на парите, со намера да се постигне поголем ефект во образованието. Од даноците и од капиталните приходи на буџетската сметка ќе влезат над 130 милиони денари, што ќе обезбеди посигурна реализација на планираните капитални инвестиции, истакна Дејан Рашков раководител на Секторот за финансии на Општина Кочани.
Заеднички заклучок на советниците е дека и покрај сличното ниво на буџетот како за годината што изминува, финансискиот план за 2019 година може да се оцени како развоен за општината.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица