-->
-->
Во Британија над 200 нови починати од коронавирус, вкупно 40.465
-->
Во Велика Британија се забележани уште 204 смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на починати се зголеми на 40.465.
Министерството за здравство соопшти дека позитивни на вирусот се уште 1.557 лица, пренесе Би-би-си. Со тоа, вкупниот број на заразени достигна 284.868, покажуваат официјалните податоци.
Британија е на второто место според бројот на жртвите од вирусот во светот, после САД, кои, според податоците од сајтот Ворлдометерс, имаат 111.408 починати.
Водечките британски лекари и научници го повикаа вчера премиерот Борис Џонсон да нареди подготовка на земјата за втор бран на коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека уште многу луѓе ќе починат ако Британија не го подобри својот одговор на ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%