Во Брисел продолжи објаснувачкиот скрининг за Кластерот 4
Во Брисел денеска продолжи објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4, со Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени. Претставници на Европската комисија на состанокот ги изложија амбициозните цели на Зелената агенда, како што е и целосното отстранување на штетните хемикалии од производите до 2029 година, јави известувачот на МИА од Брисел.
Давор Перцан од Генералниот директорат за животна средина во ЕК, при отворањето на состанокот ги посочи целите и приоритетите на Зелената агенда на ЕУ што треба да се остварат до 2030 година.
Тој како позначен приоритет го наведе справувањето со глобалните предизвици за биодиверзитет, како и Стратегијата за одржливост на хемикалиите за 2029 година, посочувајќи дека ЕУ има амбициозни цели за справување со токсини при што е предвидено да се забранат најштетните хемикалии за производи, поттикнувајќи инвестиции за хемикалии што не се штетни.
Перцан го истакна значењето и на циркуларната економија, посочувајќи дека ЕУ ќе работи и на одржливоста и циркуларноста на текстилот, при што ќе предлага активности како да се произведува и користи текстилот.
Тој кажа дека на денешниот состанок ќе се задржат на актите што се донесени од 2019 досега – како што се новата регулатива за употреба на вода, директивата за пластика за еднократна употреба.
-Ќе ги изложиме амбициозните предлози на Комисијата како дел од Зелениот договор, пошумување на шумите, директиви за квалитетот на воздухот, третманот на водата, што наскоро ќе влезат во сила и ќе бидат релевантни, рече Перцан, акцентирајќи ја сложеноста на почитувањето на актите за животна средина, за кои рече дека се опширни и скапи за спроведување.
Порача дека на земјава и е неопходна силна структуирана администрација, вклучително и на локално ниво, за да се имплементираат и спроведат одредбите од ова Поглавје.
-Почитувањето на актите бара големи инвестиции и силна соработка меѓу сите чинители - властите, идустријата и граѓанското општество, продолжете со заложбите да се хармонизирате со актите за животна средина и да се стремите со пристап целата Влада да работи на ова подрачје, а не само одделните министерства, порача Перцан, додавајќи дека ЕК ќе продолжи да ја охрабрува земјата во спроведување на високите стандарди.
Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу Халили и заменик главен преговарач, на состанокот кажа ова поглавје е скапо и полно со предизвици, но е едно од двигателите за економски раст и конкурентност.
-Донесовме долгорочна стратегија за климатски промени каде што е поставена нашата визија за економија на ниски емисии на јаглерод до 2030 година. Ги следиме патеките на одржливост, промовираме социјална кохезија преку климатски активности, работиме на еко системите, при што изработивме и закон за климатска акција, рече Абдиу Халили.
Таа потсети дека е донесен Закон за нискојаглеродна транзизија и Акциски план за енергетика и оти се работи и на новите случувања и енергетската криза и затоа планот ќе се ревидира во текот 2023 година.
Кажа и дека од неодамна се работиме за утврдување регионален интегриран систем за управување со отпад при што е обезбедено финансирање на пет региони во државата.
-Во областа на загадување на воздухот имаме многу предизивици и тоа е национален приротет. На крајот планираме да изработиме закон за квалитетот на амбиенталниот воздух. Во областа на квалитетот на вода се фокусираме на развој на домашното законодавство усогласено со европското и закон за управавување со речните базени, рече Абдиу Халили.
Кластерот 4 или „зелените приоритети“ се на врвот на приоритетите на Европската Унија, каде што има обемно законодавство, коешто се надоградува и е најтешко за спроведување, особено во заштитата на животната средина и инвестициите.
Во Кластерот 4 спаѓаат Поглавјата 14, „Транспортна политика“, 15, „Енергетика“, 21 „Трансевропска мрежа“ и Поглавјето 27, „Животна средина и климатски промени“, за кои во периодот од 15 до 20 март Европската комисија ќе го презентира на македонскиот преговарачки тим новиот корпус на европското законодавство, донесено во периодот по 2018/19 година.
Објаснувачкот скрининг состанок за овој Кластер почна во средата со Поглавјето 21 - Трансевропски мрежи и Поглавјето 14 - Транспортна политика, а вчера продолжи скрининг состанокот за Поглавјето 21, заедно со Поглавјето 15, „Енергетика“.
Група новинари од земјава, за првпат откако е почнат процесот на скрининг за усогласувањe на законодавството со ЕУ, го следат објаснувачкиот скрининг во Брисел.
Ново на Сител
-

МФ: Продолжува примената на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти на новоизградени станови до крајот на 2028 година
-

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам
-

МЗШВ: Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
-

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија
-

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата
-

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
-

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите
-

Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер
