-->
-->
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина
-->
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, на кој ќе се разговара за имплементација на договореното на средбите во Охрид на 18 март.
Средбата Петковиќ и Бислими треба да започне околу 11 часот.
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано на вчерашниот брифинг истакна дека двете страни мора да се фокусираат на имплементација, бидејќи само така може да успее договорот, што би помогнало да се излезе од сегашната ситуација.
- Двете страни се обврзаа да се воздржат од какви било дејствија што ќе имаат спротивен ефект врз атмосферата, што е неопходно за конструктивен ангажман и помирување, посочи Стано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
