Во Бразил поради проневера на пензиски фондови запленети 90 згради, 139 возила, авион и пари
Бразилската полиција спроведе денеска голема операција во рамки на истрагата за проневера во главните државни пензиски фондови од најмалку осум милијарди реали (2,4 милијари долари).
Ангажирани се 560 полицајци во повеќе области, вклучуваќи ги Бразилија и Сао Паоло.
- Се испитуваат десет случаи на проневера, откриени при испитување на недостиг на високи суми во пензиските фондови во државни фирми, се наведува во соопштението на полицијата.
- Од тие десет случаи осум се лажни инвестиции, наведе полицијата и додаде дека осомничените се обвинети за лошо управување и други финансиски малверзации.
Судот во Бразилија нареди притвор за седум лица, приведување на 34 лица и 106 претреси.
- Запленети се 90 згради, 139 возила и еден авион, како и пари на сметки во банките и акции, чии сопственици се 103 лица и фирми, наведе Комисијата за подвижни вредности.
Ново на Сител
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје