Во Босна и Херцеговина 128 лица заразени со коронавирус
Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени два нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 128 лица.
Двата нови случаи се во областа Брчко, каде досега немаше регистрирани заразени лица. Локалните власти потврдија дека млади сопружници се заразени во Брчко.
Поединечно, најголем број заразени лица во БиХ и натаму се од областа Бања Лука, каде досега се регистрирани 64 такви случаи, од вкупно 90 потврдени случаи на територијата на Република Српска .
Во обид да се спречи понатамошно ширење на епидемијата, властите и во двата ентитета (Република Српска и Федерација Босна и Херцеговина) воведуваат дополнителни мерки за спречување на движењата на населението речиси секој ден.
Покрај полицискиот час во ФБиХ од 18 часот до 5 часот наутро и во Република Српска од 20 часот до 5 часот наутро, воведени се мерки за забрана на движење во поголеми групи, како и ограничување на престој на отворени простори.
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани