Свет
24. October 2015 - 19:54

Во борбите кај Алепо убиен лидерот на „Фронтот ал Нусра“

Сириските војници кај Алепо го убиле лидерот на терористичката група „Фронтот ал-Нусра“ (Јабхат ал-Нусра), Египѓанецот Абу Сулејман ал-Масри, јави агенцијата Спутник, повикувајќи се на неименуван извор.

Лондонскиот весник „Дејли мејл“, исто така, јави дека Ал-Масри е убиен и дека оваа сунитска џихадистичка милиција, која се бори против владините сили во Сирија, тоа го потврди.

Фотографии на неговото безживотно тело, во крв и со рани, веќе се ставени на Интернет, наведува лондонскиот весник во своето интернет издание.

Причината за смртта на Ал-Масри се уште не се соооштува, но се смета дека станува збор за „разорен удар“ врз оваа терористичка група.

Според неименуваниот саговорник на Спутник, терористот е убиен во текот на борбените дејствија кај селото Тал-ал-Карсани, во близина на Алепо.

„Фронт ал-Нусра“ се смета за огранок на терористичката организација Ал Каеда во Сирија.