Во Богданци наградени најдобрите на ликовниот конкурс за родова рамноправност
Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов денеска ги прими учесниците на јавниот ликовен конкурс кој од него беше распишан на тема „Родова рамноправност“ и на кого право на учество имаа само учениците од средното училиште во Богданци.
Во оваа прилика, градоначалникот Шапов им ги врачи наградите на најдобрите поединци на конкурсот кој го распишал, како што посочи, со цел да го стимулира детското ликовно творештво и да се подигне свеста за еднаквите можности на девојчињата и момчињата.
Според одлуката на комисијата која ги оценуваше пристигнатите творби, за освоено прво место ученикот Стефан Кочев доби парична награда од 4.000 денари,на второпласираната Магдалена Алексовска и припадна паричната награда од 3.000 денари, а за освоено трето место Марија Пеева доби 2.000 денари.
Градоначалникот Шапов им го честиташе успехот на наградените ученици и нивните ментори и им посака уште подобри резултати и поголеми успеси во идните активности и проекти.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата